Home > GGP Italy SPA > Chainsaw > GGP Italy SPA Chainsaw 171501053 Operators Manual

GGP Italy SPA Chainsaw 171501053 Operators Manual

    Download as PDF Print this page Share this page

    Have a look at the manual GGP Italy SPA Chainsaw 171501053 Operators Manual online for free. It’s possible to download the document as PDF or print. UserManuals.tech offer 893 GGP Italy SPA manuals and user’s guides for free. Share the user manual or guide on Facebook, Twitter or Google+.

    							ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА7MK
    ПРОВЕРКА НА МАШИНАТА
    Пред да започнете со работа, треба:
    –да проверите да не се случајно олабавени
    шрафовите на машината или на лостот;
    –да проверите дали ланецот е прицврстен и нема
    знаци за оштетеност;
    –да проверите дали филтерот за воздух е чист;
    –да проверите дали сите заштити се прицврстени
    и ефикасни;
    –да проверите дали рачките се добро
    прицврстени;
    –да ја проверите ефикасноста на кочницата за
    ланецот..
    ПОДГОТОВКА НА МЕШАВИНАТА
    Оваа машина има двотактен мотор и работи на
    мешавина од бензин и масло за подмачкување.
    Со користење само на бензин
    се оштетува моторот и се изнудува губење на
    гаранцијата.
    Користете само гориво и
    подмачкувачи со висок квалитет за одржување на
    машината и за да гарантирате траење на сите
    механички делови.
    •Карактеристики на бензинот
    Користете само безоловен бензин (зелен бензин)
    со број на октани не помал од 90 N.O.
    Зелениот бензин создава
    талог во резервоарот ако се чува повеќе од два
    месеци. Секогаш користете свеж безнин!
    •Карактеристики на маслото
    Ставајте само синтетичко масло од врвен
    квалитет, наменет за двотактни мотори.
    Кај вашиот продавач може да ги најдете
    соодветните масла, создадени за овој вид мотор,
    до оној степен кој гарантира поголема заштита.
    Користењето на овие масла дозволува
    составување на една мешавина од 2%, што значи
    1 дел масло се меша со секои 50 дела од бензин.
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    Во случаи кога нема соодветно масло, може да се
    користи минерален лубрикант за мотори (класа FA
    или FB), и во тој случај се прави мешавина од 4%,
    т.е. 1 дел масло на секои 25 дела бензин.
    •Подготовка и конзервација на мешавината
    Бензинот и мешавината се запалливи!
    –Конзервирајте ги бензинот и мешавината во
    контејнери за гориво, на безбедно место,
    подалеку од извор на топлина или отворен
    оган.
    –Не оставајте го контејнерот да дофат на
    деца.
    –Не пушете при подготвување на мешавината
    и избегнувајте да ги вдишувате испарувањата
    на бензинот.
    Табелата ги посочува количините на бензин и
    масло што треба да се искористат за да се
    подготви мешавината во функција на видот на
    маслото за користење.
    За подготовка на мешавината:
    –Ставете во еден сад приближно половина од
    количината бензин.
    –Додајте го целото масло, според табелата.
    –Додајте го остатокот од бензинот
    –Затворете го капакот и измешајте енергично.
    Мешавината подлежи на
    стареење. Не подготвувајте големи количини на
    мешавина зa да се избегне формирање талог.
    Чувајте ги добро обезбедени и
    идентификувани контејнерите со мешавината и со
    бензинот за да се избеге замена во моментот на
    користење.
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    !ОПАСНОСТ! 
    5. ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА
    Бензин Синтетичко масло Минерално масло2 Tакта Класа FA – FB
    литри литриcm3литриcm3
    10,02 2,0 0,04 40
    20,04 40 0,08 80
    30,06 60 0,12 120
    50,10 100 0,20 200
    10 0,20 200 0,40 400 
    						
    							MK
    Одвреме навреме чистете ги
    контејнерите за бензин и за мешавина за да се
    отстранат евентуалните талози.
    ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
    Не пушете во текот на
    полнењето и не вдишувајте ги испарувањата од
    бензинот.
    Отворете го внимателно
    капачето од резервоарот бидејќи можно е да
    има внатрешен притисок.
    Пред полнење:
    –Протресете го енергично резервоарот за
    мешавина.
    –Поставете ја машината на рамна површина, во
    стабилна позиција со капачето на резервоарот
    за мешавина одгоре.
    –Исчистете го капачето на резервоарот во круг
    за да се избегне навлегување нечистотии при
    полнењето.
    –Отворете го внимателно капачето на
    резервоарот за мешавина за да се испушти
    притисокот постепено. Наполнете со инка и не
    ставајте од мешавината до грлото на
    резервоарот.
    Секогаш затворајте го
    капачето на резервоарот, завртувајќи докрај.!ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    !ОПАСНОСТ! 
    ВАЖНОИсчистете ги веднаш сите
    траги од мешавината што евентуално се
    истуриле врз машината или на теренот и не
    палете го моторот се’ додека се чувствуваат
    испарувањата на бензинот.
    ПОДМАЧКУВАЊЕ НА ЛАНЕЦОТ
    Користете само масло со
    вискозност SAE 30, специфично за подмачкување
    ланци. Не користете масло што содржи
    нечистотии за да не го запушите филтерот во
    резервоарот и трајно да ја оштетите пумпата за
    масло.
    Користење масло од врвен квалитет е важен
    предуслов за одржување ефикасна подмачканост
    на сите делови на сечење; користење масло со
    лош квалитет го спречува подмачкувањето и го
    намалува времетраењето на ланецот и на лостот.
    Секогаш е неопходно да се надополнува докрај
    резервоарот за масло (со помош на инка) секојпат
    кога се полни гориво; бидејќи за капацитетот на
    резервоарот за масло е пресметано дека горивото
    ќе се потроши пред маслото, во тој случај се
    избегнува ризикот машината да работи без
    подмачкувач.
    ВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ!
    се изведе палење најмалку по 5 минути од
    смирување на моторот или по полнење гориво.
    Палење на моторот (сл. 12):
    1.Проверете дали е вметната кочницата на
    ланецот (преднат заштита за рацете се
    превртува нанапред).
    2.Донесете го прекинувачот (1) во позиција
    «START».
    3.
    Кај модели кај што тие не се предвидени,притиснете го тастерот на декомпресорот.
    4. Активирајте го стартерот (2).
    5.
    Кај модели каде што тоа не е предвидено,притиснете го копчето на уредот за
    потикнување (копче) (3) 3– 4 пати за да се
    поттикне чкрапецот на карбураторот.
    6. Држете ја машината цврсто на земја, со една
    рака за рачката и со едната нога вметната во
    задната рачка за да не изгубите контрола при
    палење (сл. 13). 
    ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ
    Вклучувањето на моторот
    треба да се одвива на најмалку 3 метри
    оддалеченост од местото каде се извршило
    полнењето на горивото.
    Пред да го запалите моторот:
    –Поставетеја машината во стабилна позиција на
    теренот.
    –Извадете го заштитникот на лостот.
    –Проверете дали лостот го допира теренот или
    други предмети.
    •Палење на ладно
    За палење на “ладно“треба даЗАБЕЛЕШКА
    !ВНИМАНИЕ!
    8ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА / ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
    6. ВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ 
    						
    							MKВКЛУЧУВАЊЕ – КОРИСТЕЊЕ – ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ9
    Ако машината не се држи
    цврсто, искра од моторот може да предизвика
    губиток на рамнотежата кај корисникот или да
    го насочи лостот кон пречка или кон самиот
    корисник.
    7.Полека извлечете го јажето за палење 10– 15
    цм. се’ додека почуствувате отпор и тогаш
    решително повлечете неколку пати се’ додека
    не се слушнат првите звуци на моторот.
    За да избегне кинење, не
    влечете го јажето до крај, не виткајте го по работ
    на отворите на водилката и постепено
    ослободувајте го ракофатот со тоа што ќе
    избегнувате враќање на неконтролиран начин.
    8. Одново повлечете го ракофатот за вклучување
    се’ додека не постигнете правилно палење на
    моторот.
    9. Штом ќе се запали моторот, притиснете го
    накратко забрзувачот за да го откачите
    стартерот и да го доведете моторот на
    минимум.
    Избегнувајте да го оставате
    моторот да работи на високи вртежи кога
    кочницата за ланецот е вметната; ова може да
    предизвика прекумерно загревање и оштетување
    со триење.
    10.Оставете моторот да работи на минимум
    најмалку 1 минута пред да ја користите
    машината.
    Доколку ракофатот на јажето
    за палење се скине при влечење со притиснат
    стартер, моторот може да се загуши и да се
    предизвикаат потешкотии при палење.
    Во случај кога моторот ќе се задуши, извадете ја
    свеќичката и нежно свртете го ракофатот на
    јажето за палење за да се елиминира вишокот
    гориво; потоа исушете ги електродите на
    свеќичката и поставете ја на моторот.
    •Палење на топло
    За палење на топло (веднаш по гасење на
    моторот), следете ги точките 1 – 2 – 6 – 7 – 8 во
    претходната процедура.
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ!КОРИСТЕЊЕ НА МОТОРОТ (сл. 14)
    Брзината на ланецот се регулира со командата за
    забрзување (1) поставена на задната рачка (2).
    Активирањето на забрзувачот е можно само ако
    истовремено се притисне и рачката за блокирање
    (3).
    Движењето се пренесува од моторот на ланецот
    преку триење на центрифугална маса и
    предизвикува движење на ланецот кога моторот е
    на минимум.
    Не користете ја машината
    ако ланецот се движи кога моторот е на
    минимум; во овој случај, регулирајте на
    минимум (видете поглавје 8) и доколку
    проблемот опстојува контактирајте со
    застапникот.
    Правилната брзина на работата се постигнува со
    командата за забрзување (1) во долен правец.
    Во текот на првите 6– 8 часа
    од работа на машината, користете го моторот на
    максимум вртежи.
    ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ (сл. 14)
    За да го застанете моторот:
    –Отпуштете ја командата за забрзување (1) и
    оставете го моторот да работи на минимум
    неколку секунди
    –Поместете го прекинувачот (4) во позиција
    «STOP»
    Штом ќе го ставите
    забрзувањето на минимум, потребни се неколку
    секунди пред да застане ланецот.!ВНИМАНИЕ!
    ВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ! 
    						
    							MK
    Во однос на почитувањето на другите и на
    средината:
    – Избегнувајте постоење на елементи на
    нарушување.
    – Следете ги точно локалните закони за
    фрлање на материјалите кои ќе се резултат
    на сечењето.
    – Следете ги точно локалните закони за
    фрлање масла, бензин, дотрошени делови
    или какви било други елементи кои може да
    ја нарушат животната средина.
    Носете соодветна облека
    додека работите. Застапникот ги има сите
    потребни информации за материјалите кои
    претставуваат заштита при работа и
    гарантираат безбедност при работа.
    Употребата на машината за
    сечење и кастрење бара специфична обука.
    КОЧНИЦА НА ЛАНЕЦОТ
    Оваа машина има автоматска кочница која го
    блокира ланецот во случај на повратен удар
    (противудар) при сечење.
    Оваа кочница може да се постави и рачно буткајќи
    нанапред предната заштита. За да ја отпуштите
    кочницата, повлечете го предниот заштитник кон
    рачката се’ додека не се слушне звук на
    отскокнување.
    Не користете ја машината
    ако кочницата за ланецот не работи правилно и
    контактирајте со застапникот за неопходна
    проверка..
    КОНТРОЛА НА ЗАТЕГНАТОСТА НА ЛАНЕЦОТ
    При работа, ланецот подлежи на прогресивно
    издолжување и затоа треба често да ја
    проверувате неговата затегнатост.
    Не работете со олабавен
    ланец за да не предизвикате опасни состојби
    во случаи кога ланецот може да излезе од
    запците.
    КОНТРОЛА НА ПРОТОКОТ НА МАСЛО
    Не користете ја машината акоВАЖНО
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    нема подмачкувачи! Резервоарот за масло треба
    да се испразни речиси секогаш кога горивото ќе
    се истроши. Секогаш наполнете го резервоарот
    со масло секоја пат кога полните гориво на
    моторната пила.
    Проверете дали лостот и
    ланецот се добро позиционирани кога се врши
    контрола на степенот на масло.
    Откако ќе го вклучите, држете го моторот под
    среден режим на работа и проверете дали
    истуреното масло за ланецот соодветствува со
    приказот на сликата (сл. 15).
    Кај моделите P 44(x) и P 48(x),протокот на масло
    за ланецот може да се регулира со шрафцигер на
    соодветните навртки за регулација (1) на пумпата,
    поставена на долниот дел на машината (сл. 15).
    НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ И ТЕХНИКИ НА
    СЕЧЕЊЕ
    Пред за започнете за првпат да работите на
    сечење и кастрење треба да се вежба на ниски
    грмушки на земјата или закачени на кранови, за
    да се стекне неопходната запознаеност со
    машината и со техниките за конкретно сечење.
    Во текот на работата,
    машината секогаш мора да се држи цврсто со
    двете раце.
    Застанете го веднаш
    моторот ако ланецот се блокира во текот на
    работата. Секогаш внимавајте на евентуален
    повратен удар (противудар) што може да се
    случи ако лостот наиде на препрека.
    Против– удар се добива кога крајните точки на
    ланецот се судруваат со предмет или кога
    дрвото го притиска или блокира ланецот при
    сечење.
    Овој контакт на крајните делови на ланецот
    може да предизвика многу брзо отскокнување
    во разни правци, буткајќи го водечкиот лост
    нагоре и кон корисникот, тоа се случува кога
    ланецот се блокира долж предниот дел на
    лостот. Во обата случаи, противударот може да
    предизвика губење контрола врз моторната
    пила со можни тешки последици.
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    10КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
    7.КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА 
    						
    							•Кастрење дрво (сл. 16)
    Проверете дали областа на
    паѓање на гранките е расчистена.
    1.Поставете се на спротивната страна во однос
    на гранката што ќе се сече.
    2. Започнете од најниските гранки, напредувајќи
    со сечење на повисоките.
    3. Изведете го сечењето од горе надолу за да
    избегнете заглавување на лостот.
    •
    Сечење дрво (сл. 17)
    На закосени терени,
    работете секогаш од горните страна на дрвото
    и обезбедете дека пресеченото стебло не ќе
    може да предизвика штети како резултат на
    тркалање.
    1.Одредете го правецот на паѓање на дрвото,
    земајќи ги во предвид ветерот, наведнувањето
    на растението, положбата на тешките гранки,
    леснотијата на работата при оборувањето, итн.
    2.Ослободете ја областа околу дрвото и
    обезбедете потпора за нозете.
    3.Организирајте адекватни патишта за
    избегнување, ослободени од препреки;
    патиштата за избегнување треба да се
    организират во радиус од околу 45° во правец
    спротивен на паѓањето на дрвото и треба да
    овозможуваат оддалечување на корисникот на
    сигурно место, 2.5 пати од висината на дрвото
    што треба да се исече.
    4. На странат ана паѓањето засек на паѓање една
    третина од дијаметарот на дрвото.
    5. Исечете го дрвото од другата страна на лесен
    начин веднаш над основата на зарезот,
    оставајќи гцврст дел“ (1) од приближно 5 – 10
    цм.
    6.Без да го вадите лостот, намалувајте ја
    постепено длабочината на цврстиот дел се’
    додека не падне дрвото.
    7.Во дадени услови или при нестабилност,
    оборувањето може да се комплетира со
    вметнување клин (2) на спротивната страна од
    паѓањето чукајќи го со палка се’ додека дрвото
    не падне.
    !ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    •Кастрење по оборување (сл. 18)
    Обрнете внимание за точки
    на потпора за гранките на теренот, ако е можно
    да има отпор во правецот што може гранката
    да го заземе при сечењето и за можната
    нестабилност на дрвото по сечење на
    гранките..
    1.Одредете го правецот под кој гранката расте од
    дрвото.
    2. Изведете го сечењето од страната од која се
    витка и завршете го сечењето од спротивната
    страна.
    •
    Сечење на стеблото (сл. 19)
    Сечењето на стеблото се олесува со користење на
    харпунот. 
    1.Забодете го харпунот во стеблото и од страната
    на харпунот изведете закривено движење со
    моторната пила кое што ќе дозволува лостот да
    навлезе во дрвото.
    2. Повторете ја операцијата неколку пати ако тоа
    е потребно преместувајќи ја точката на
    забодување на харпунот. 
    •
    Сечење на стеблото на земја (сл. 20)
    Пресечете приближно половина од дијаметарот,
    потоа отирајте го стеблото и комплетирајте го
    сечењето од спротивната страна.
    •
    Сечење на подигнато стебло (сл. 21)
    1.Доколку сечењето се одвива со нишање во
    однос на потпората (А), исечете една третина
    од дијаметарот од долу, завршувајќи ја работата
    одгоре.
    2. Доколку сечењет осе довива межу две точки на
    потпора (Б), исечете една третина од
    дијаметарот од горе и потоа завршете го
    сечењето од долу.
    ЗАВРШУВАЊЕ СО РАБОТА
    За завршување со работа:
    –Застанете го моторот како што е претходно
    посочено (глава 6).
    –Почекајте да се смири ланецоти поставете ја
    заштитата за лостот.
    !ВНИМАНИЕ! КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
    11MK 
    						
    							Правилно одржување е основно за обезбедување
    ефикасно темпо и безбедност на оригиналните
    делови на машината.
    При операции на
    одржување:
    –отстранете го капачето на свеќичката,
    –проверете дали моторот е соодветно
    изладен,
    –користете заштитни ракавици при операции
    што се однесуваат на лостот и на ланецот
    –секогаш нека се поставени заштитниците за
    лостот, дури и при интевенција на самиот
    лост и на самиот ланец,
    –не фрлајте наоколу масло, бензин и други
    какви било материјали.
    ЦИЛИНДЕР И ПРИГУШУВАЧ
    За да се намали ризикот од искрење, честопати
    чистете ги крилцата на цилиндарот со комресиран
    воздух и ослободете ја зоната на пригушувачот од
    остатоци при пилење, гранчиња, ливчиња и други
    работи.
    ГРУПА ПАЛЕЊЕ
    За да се избегне презагревање и штети на
    моторот, решетките за проток на воздух за
    ладење треба секогаш да се одржуваат чисти и
    ослободени од остатоци при пилење и друго.
    Јажето за палење треба да се замени при први
    знаци на оштетување.
    ГРУПА ТРИЕЊЕ
    Одржувајте го чист делот околу триењето од
    остатоци при пилење и други материјали. На секои
    30 часа се случува замастување на внатрешниот
    бафер, обратете се кај Застапникот.
    КОЧНИЦА НА ЛАНЕЦОТ
    Контролирајте ја ефикасноста на кочницата на
    ланецот редовно како и интегритетот на
    металното ланце кое го држи телото на триењето.
    Ланчето треба да се замени кога дебелината на
    точките на спојување со телото за триење ќе се
    намали приближно за половина од телото на двата
    краја, кои не подлежат на триење.
    !ВНИМАНИЕ!
    КОПЧЕ ЗА ЛАНЕЦОТ (Сл. 22)
    Редовно контролирајте ја состојбата на копчето и
    заменете го кога истрошеноста ќе надмине 0.5 мм. 
    Не монтирајте нов ланец со старо копче и обратно.
    КОПЧЕ ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ЛАНЕЦОТ
    Ова копче е важен елемент во однос на
    безбедноста бидејќи спречува неконтролирани
    движења на ланецот при случај на кинење или
    развлекување.
    Редовно контролирајте ја состојбата на копчето и
    заменете го кога ќе се оштети.
    ФИКСИРАНОСТ
    Периодично контролирајте прицврстеноста на
    сите навртки и завртки, како и дали рачките се
    цврсто фиксирани
    ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ (сл. 23)
    Чистењето на филтерот за
    воздух е битно за добра работа и век на самата
    машина. Не работете без филтер или со оштетен
    филтер за да не предизвикате непоправливи
    оштетувања на моторот.
    Чистењето треба да се спроведува секои 8– 10
    часови работа.
    За чистење на филтерот:
    –отстранете го капакот (1) и елементот с
    офилтерот (2).
    –потчукнете го нежно филтерот (2) за да се тргне
    нечистотијата и доколку е потребно, исчистете
    го со компресиран воздух под мал притисок
    Елементот со филтерот (2) не
    смее никогаш да се пере и секогаш мора да се
    замени со нов ако се покаже дека е премногу
    нечист или оштетен.
    –Поставете ги повторно капакот (2) и елементот
    со филтерот (1).
    –
    Кај моделите P43(x) – P44(x) – P47(x) – P48(x),треба прво да се вметне елементот со филтерот
    ВАЖНО
    ВАЖНО
    12ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈАMK
    8. ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА 
    						
    							(2а) во капакот (1а) и потоа двете компоненти
    така споени да се постават на машината.
    КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА(сл. 24)
    Повремено, откачете ја и исчистете ја свеќичката
    за да ги отстраните евентуалните талози со
    метална спатула.
    Проверете ја и обновете ја точната оддалеченост
    меѓу електродите.
    Поставете ја свеќичката на место прицврстувајќи
    ја со приложените клучеви.
    Свеќичката треба да се замени со друга со
    аналогни карактеристики во случај кога
    електродите се прегорени или неправилно
    изолирани, или на секои 100 часа функционирање.
    РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ
    Карбураторот се регулира во фабрика во режим
    да дава максимални резултати во секоја ситуација
    на користење, со минимално емитирање на
    штетни гасови и во согласност со важечките
    закони.
    Во случај на отфрлање, проверете без исклучок
    дали ланецот е делумно разлабавен и дали лостот
    има деформирани преносници, тогаш обратете се
    кај застапникот за верификација на согорувањето
    на моторот.
    •
    Минимална регулација
    Минималната регулација
    мора да се изведе само кога ланецот се движи
    со мотор поставен на минимум.
    Намалувањето на брзината се постигнува со
    вртење на навртките означени со «T» или «MIN –
    IDLE» спротивно од правецот на движење на
    склазалките на часовникот се’ додека не се
    постигне смирување нас ланецот со
    задоволителна регуларност од работата на
    моторот.
    Ако моторот е поставен на минимум и има
    неправилна работа, свртете ги шрафовите во
    правец на стрелките на часовникот за да се
    постигне брзината.
    Ланецот не смее да се
    движи кога моторот е во минимален режим,
    контактирајте со застапникот за да постигне и
    одржува задоволителна регулација.!ВНИМАНИЕ!
    !ВНИМАНИЕ!
    ИЗОСТРЕНОСТ НА ЛАНЕЦОТ
    Од безбедносни причини и
    поради ефикасност во работата, многу е важно
    елементите за сечење да бидат добро
    наострени.
    Острење е неопходно кога:
    •Струготините личат на прашина.
    •Сечењето се одвива со многу сила..
    •Сечењето не е линеарно.
    •Вибрациите се зголемени.
    •Потрошувачката на гориво е зголемена.
    Доколку острењето се одвива во специјализиран
    центар, може да се изведе со соодветни апарати
    кои обезбедуваат минимално распрскување на
    материи и острење константно за сите видови
    сечења.
    “Правилно“ острење на ланецот се изведува со
    помош на приложените турпии со заоблени секции
    чијшто дијаметар е специфичен за сите видови
    ланци (видете “Табела за одржување на ланецот“),
    и бара одлична стручност и искуство за да се
    избегне предизвикување оштетувања на
    сечивата.
    За острење на ланецот (сл. 25):
    –Исклучете го моторот, ослободете ја кочницата
    на ланецот и блокирајте го цврсто лостот со
    поставен ланец со соодветниот блокатор,
    обезбедувајќи ланецот да се лизга слободно.
    –Затегнете го ланецот до таму тој да остане
    лабав.
    –Поставете ја турпијата на соодветната водилка
    и потоа вметнете ја во празнините на запците
    оддржувајќи константна закривеност во однос
    на профилот на лостот.
    –Изведувајте само слаби движења со турпијата
    исклучиво нанапред и повторете ја операцијата
    врз сите сечива со иста ориентација (десни и
    леви)
    –Превртете го лостот од другата страна на
    менгемето и повторете ги операциите на
    преостанатите сечила.
    –Проверете дали ограничувачките запци не се
    надвијат над инструментот за проверка и
    отстранете ги еветуалните преостанати вишоци
    со рамна турпија, заокруглувајќи го профилот.
    –По острењето, отстранете ги сите траги од
    струготинио, исчистете те го и подмачкајте го
    ланецот обилно со масло. 
    Ланецот треба да се смени кога:
    –должината на сечивата ќе се намали за
    најмалку 5 мм;
    –кога движењето на оклопот врз наковална е
    тешко
    !ВНИМАНИЕ! ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА
    13MK 
    						
    							ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОСТОТ (сл. 26)
    За да се избегне асиметрично користење на
    лостот, потребно е тој периодично да се
    проверува.
    За ефикасно одржување на лостот треба:
    –Iда се подмачкуваат перничињата за
    одложување на запчаникот со приложениот
    шприц (ако има);
    –да се чистат жлебовите на лостот со соодветна
    гребалка;
    –да се чистат отворите за подмачкување;
    –со една рамна турпија, да се извадат
    страничните наталожувања и да се порамнат
    евентуалните разлики во висината меѓу
    водилките.
    Лостот треба да се смени кога:
    –длабочината на запците ќе биде пониска од
    висината на почетнатѕа точка на преносникот
    (кои никогаш не смее да допрат до долната
    страна);
    –внатрешниот ѕид на водилката е искористен до
    точка на допирање врз ланецот. 
    ВОНРЕДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
    Секоја операција на одржување што не е вклучена
    во ова упатство треба да се изведе исклучиво кај
    вашиот застапник.
    Сите операции што се изведени на несоодветенначин и од неквалификувани лица придонесуваат
    да се изгуби секоја форма на гаранција
    КОНЗЕРВАЦИЈА
    На крајот на секоја работа, исчистете ја машината
    детално од прав и остатоци при работа, поправете
    ги или заменете ги сите дефектни делови.
    Машината треба да се конзервира на суво место,
    засолнето од надворешните временски прилики
    со правилно поставена заштита на лостот.
    ПОДОЛГО НЕКОРИСТЕЊЕ
    Ако се предвидува
    некористење на машината повеќе од 2 – 3 месеци,
    треба да се применат неколку решенија за да се
    избегнат потешкотии при обновување на работата
    или трајни оштетувања на моторот
    .
    •Чување
    Пред одлагање на машината:
    –Испразнете го резервоарот за гориво.
    –Вклучете го моторот и одржувајте го во
    ВАЖНО
    14ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈАMK
    Табела за одржување на ланецот
    Дадените карактеристики за ланецот и лостот што се одобрени за оваа машина
    се посочени во “Декларацијата за усогласеност на ЕУ“ која ја придружува документацијата на оваа
    машина. Од безбедносни причини не користете други видови ланци и лостови.
    Табелата презентира податоци за острење на разни видови ланци без чие почитување се јавува
    можност за користење ланци спротивно на оваа одобрување.!ВНИМАНИЕ!
    Степен на вртење на ранецот Ниво на ограничувачки запци (а) Дијаметар на турпијата (д)
    инчиmmинчиmmинчиmm
    3/8 мини9,32 0,018 0,45 5/32 4,0
    0,3258,25 0,026 0,65 3/16 4,8
    3/89,32 0,026 0,65 13/64 5,2
    0,40410,26 0,031 0,80 7/32 5,6
    ad 
    						
    							минимален режим на работа се’ додека не се
    изгасне, за да го потроши целото гориво што
    останало во карбураторот.
    –Оставете да се излади моторот и извадете ја
    свеќичката.
    –Врз отворите на свеќичката полијте една
    кафена лажичка масло (ново) за двотактни
    мотори.
    –Повлечете ја неколку пати рачката за палење за
    да го дистрибуирате маслото во цилиндерот.
    –Поставете ја свеќичката со навртката на
    најгорната можна точка (да е видливо низ
    отворот за свеќичката кога навртката е на
    најгорната позиција)•Обновување на работата
    Во моментот кога машината треба да се стави во
    функција:
    –Извадете ја свеќичката.
    –Повчечете ја неколку пати рачката за палење за
    да се елиминира вишок масло.
    –Проверете ја свеќичката како што е посочено во
    глава гКонтрола на свеќичката“.
    –Поставете ја машината како што е посочено во
    глава гПодготовка за работа“.
    ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА / ОТКРИВАЊЕ ГРЕШКИ15MK
    9. ОТКРИВАЊЕ ГРЕШКИ
    1)Моторот не се пали
    или пак не може да
    се стави во движење
    2)Моторот се пали,
    но со мала сила
    3)Моторот работи
    неправилно или нема
    моќ врз преносникот
    4)Моторот испушта
    многу чад–Процедурата на палење не е правилна
    –Свеќичката е нечиста или
    оддалеченоста меѓу електродите не е
    точна
    –Филтерот за воздух е затнат
    –Проблеми со согорување
    –Филтерот за воздух е затнат
    –Проблеми со согорување
    –Свеќичката е нечиста или
    оддалеченоста меѓу електродите не е
    точна
    –Проблеми со согорување
    –Имало таложење од мешавината
    –Проблеми со согорување–Следете ги упатствата (видете
    глава 6)
    –Проверете ја свеќичката (видете
    глава 8)
    –Исчистете го и / или заменете го
    филтерот (видете глава 8)
    –Контактирајте со застапникот
    –Исчистете го и / или заменете го
    филтерот (видете глава 8)
    –Контактирајте со застапникот
    –Проверете ја свеќичката (видете
    глава 8)
    –Контактирајте со застапникот
    –Подгответе ја мешавината според
    упатството (видете глава 5)
    –Контактирајте со застапникот
    НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА ЛЕК 
    						
    All GGP Italy SPA manuals Comments (0)

    Related Manuals for GGP Italy SPA Chainsaw 171501053 Operators Manual